Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ ќе се одржи во Музејот на современа уметност

Второто издание на скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“, со тематски наслов „Слобода, сон, љубов“, ќе се одржи од 08 до 10 септември во Музејот на современа уметност во Скопје. Станува збор за книжевен фестивал за мали фикции што се основаше 2016 година, кога зовре потребата од друга приказна во политиката, културата и во целото општество.

Меѓу поважните цели на фестивалот се популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу „популарното“ и „елитното“, „високото“ и „ниското“, ангажираното и ескапистичкото; преиспитување на улогата на писателот во новите локални и глобални контексти; осмислување и практикување на нови стратегии за културни поврзувања и локално и регионално и глобално; вмрежување на македонските автори и искуства во регионален контекст; збогатување на скопската културна понуда...

Поднасловот на фестивалот, „Мали фикции“, значи дека примарен интерес се малите книжевни форми, згодни за јавно и сценско споделување. Но, тука се и хибридните книжевни форми, местата каде што книжевноста се среќава со музиката, графиката, медиумите, естрадата, теоријата...

Годинава, лауреат на „Друга приказна“ е Влада Урошевиќ, еден од најзначајните македонски писатели.

На фестивалот, покрај дваесетина учесници од Македонија, ќе учествуваат десетина гости од странство: Миклавж Комељ, Неџат Ибрахимовиќ, Томислав Вречар, Уршка Стерле, Теа Тулиќ, Јасна Жмак, Дејан Илиќ, Вуле Журиќ и Петар Матовиќ.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат повеќе читања, дискусии, промоции на книги, работилница за креативно пишување, концерти на Томислав Вречар, Ненад Тонкин и Љупа Ангелов, а по вторпат ќе се одржи и традиционалната борба со едноминутни новели „Овде паѓаат крупни зборови“, во која ќе учествуваат дваесетина писатели од Македонија и регионот.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе