„Скопје чита“ - фестивал на книгата

Под мотото „Скопје чита“, од денеска до 12 септември, во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи првото издание на фестивалот на книгата.

Како што соопштија организаторите, фестивалот претставува манифестација посветенa на книгата во посебна атмосфера, проследенa со музичка програма во попладневните часови, каде посетителите ќе може да уживаат во дружење зачинето со одлична програма.

На Фестивалот на книгата на околу 2.000m² изложбена површина ќе се претстават 30-тина најголеми издавачки куќи, а се очекува посета од 15.000 посетители.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца, се наведува во соопштението.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе