Серијалот за деца на Ју Несбе првпат на македонски јазик

Во рамките на едицијата „Приказни што нè обединуваат“, Паблишер ја објави „Доктор Проктор и големата кражба на злато“ од Ју Несбе, во превод на Искра Бадева. Ова е дел од едицијата „Приказни што нѐ обединуваат “, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Проктор е забавен и смешен лик од едицијата книги „Доктор Проктор “ на најпознатиот современ норвешки автор на трилери Ју Несбе. Несбе со овој серијал влегува во светот на децата, а децата влегуваат во Прокторовиот свет. Тој свет е полн со необични авантури, хумор и духовити дијалози, чудни и чудесни ликови.

„Доктор Проктор и големата кражба на злато“ е роман со возбудливи и навидум апсурдни авантури полни со волшепства. Проктор е забавен и оригинален доктор кој измислува чудни предмети, напивки и прашоци за необични цели. Овој пат доктор Проктор и неговите мали пријатели Буле и Лисе заминуваат по трагите на рускиот милијардер Рублов, кој ја ограбува норвешката златна резерва и се подготвува да ја стопи за да го направи фудбалскиот трофеј. Може ли Проктор со помош на своите мали пријатели да го надмудри рускиот милијардер? За да го освојат трофејот, Буле и Лисе се приклучуваат во фудбалскиот тим и се обидуваат да му помогнат на безнадежниот клуб да стигне до победа. Звучи како совршено четиво за секое дете, нели?

Ју Несбе е современ норвешки писател, музичар, економист. Се смета за водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на четириесетина јазици и продадени во над 23 милиони примероци. Најпознати му се романите Човекот лилјак (1997, награда Стаклен клуч за најдобар скандинавски детективски роман), Ѓаволовата ѕвезда (награда на Финската академија), Одмазда (2002), Соломоновиот знак (2003), Снешко (Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади Доктор Проктор (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010 г.).

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе