Санде Стојчевски добитник на Големата меѓународна награда за поезија во Романија

Санде Стојчевски, поет и есеист, литературен критичар и преведувач е добитник на Големата меѓународна награда за поезија на 25. издание на Поетскиот фестивал во кралскиот град Куртеа де Арџеш во Романија. Пред 25 години наградата ја доби Михаил Ренџов, потсетува жирито во својата одлука во која Ренџов го нарекува легенда на европската и светска лирска поезија  „Како знак на почит кон поезијата што е пишувана на македонски и на другите јазици од балканските земји, дојде ред на уште еден македонски поет, Санде Стојчевски, да го прими нашето значајно призание“, напиша жирито.

Како што соопшти Фондацијата и организацијата посветени на културата „Orient-Occident International Academy" од Романија, која е основач и организатор на Меѓународниот фестивал „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш", одлуката е донесена едногласно од Жири – комисијата составена од академик Каролина Илика (поетеса, претседател); академик Михаил Голеску (есеист, универзитетски професор, директор на весникот „Аргесуал", член); Михаела Габриела Хелмис (есеист, составувач на програмата Радио Романија, член); и Николае Илиеску (писател и книжевен критичар, одговорен уредник во Издавачка куќа на романската академија, член).

„Големата меѓународна награда за поезија на првото издание на Фестивалот во 1997-тата година е доделена на познатиот поет и прозен писател Михаил Ренџов, легенда на европската и светската лирска поезија. По 25 години, како знак на почит кон поезијата што е пишувана на македонски и на другите јазици од балканските земји, дојде ред на уште еден македонски поет, Санде Стојчевски, да го прими нашето значајно призание. Оваа награда е мотивирана од извонредните квалитети на делото на Стојчевски, поет и високо рангиран толкувач на лирската поесзија. Санде Стојчевски е длабок глас на современиот универзален лиризам, се наведува во образложението на Жири-комисијата.

Наградата на Санде Стојчевски ќе му биде врачена на годинашното 25-то издание на Меѓународниот фестивал „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш" што ќе се одржи од 15 до 20 септември, годинава.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе