КНИЖЕВНА ВЕЧЕР

Сага за основоположничката на македонското женско писмо ќе се одржи во МКЦ

Во рамките на манифестацијата „МКЦ за Скопје“, со која Младинскиот културен центар - Скопје ја одбележува 54-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес, на 25 јули 2017 година, со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ ќе биде одржана книжевната вечер „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“, сага за првата скопска поетеса, Даница Ручигај.

Вечерта, всушност, е замислена како промоција на книгите „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ и „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“ на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, кои се посветени на првата скопска поетеса – авторка на антологиските стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ и основоположничка на т.н. женско писмо во современата македонска поезија и литература воопшто, Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година.

Промотори на „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ и „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Александар Прокопиев. Модератор ќе биде Анета Трпевска, спикерка на Македонското радио – Радио Скопје, а стиховите на Даница Ручигај ќе ги интерпретира Искра Чоловиќ.

За музичкиот дел, пак, се задолжени Александар Прокопиев и Сашо Гигов – Гиш, аудиодизајнот е на Бесим Кека, тон-мајстор на Македонското радио и еден од бардовите на македонското аудиоснимање, а на видеото Зоран Јовановиќ.

Во рамките на книжевната вечер ќе бидат прикажани и документарните филмови посветени на Даница Ручигај „Поетот живее и по смртта“ (1993) и „Соновите не заспиваат“ (2016) на новинарите на Македонската телевизија Соња Драгољуб Гиздавиќ и Катица Трајковска - Абјаниќ.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе