31. издание

Саем на книгата од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“

Од 8 до 14 мај во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се одржи 31-то издание на Саемот на книгата, кој веќе втора година по ред се одржува на оваа локација. Саемот на книгата е манифестација на која учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и Албанија. На Саемот се планирани голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.

Амбасадата на Република Унгарија во Република Северна Македонија, организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019.

“Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која пред сè го слави читањето, ќе се одржува во периодот од 8. до 14. мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура”, изјави проект менаџерот на Саемот на Книгата, Сања Кондарко.

Овој саем, кој зад себе има 30-годишна традиција, како еден од најголемите културни настани во земјата, е добро познат помеѓу љубителите на книгата. Очекувањата се дека овогодинешниот Саем на книгата со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители.

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе