Рускиот роман „Обител“ објавен на македонски јазик

„Македоника литера" го објави романот „Обител" на рускиот писател Захар Прилепин, добитник на неколку книжевни награди, меѓу кои и највисоката руска книжевна награда „Бољшаја книга". Базиран е врз вистински настани и расветлува дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот:

Прилепин романот го пишувал три-четири години, истражувајќи многу литература, архивски материјали, мемоари и досиеја на затвореници. Логорот Соловки е посебен феномен, првиот гулаг, и не може да се спореди со идниот Гулаг, но имало ужаси за кои не се очекувало да се слушне во Русија: ужасни затворски услови, глад, тешка исцрпувачка работа, беспричински егзекуции, неразумни казни…Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг. Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао Соловецкиот логор за специјални намени (т.н. СЛОН), првиот од новата мрежа на казнени логори во СССР. Во манастирот – затвор нема само белогардејци, туку и црвеноармејци, чекисти, ленинисти, сталинисти, кулаци, наемници, поети, свештеници, убијци, манијаци…, каде што џелатите стануваат жртви, а затворениците стражари, соопшти издавачот за романот „Обител“ кој руски јазик го преведе  Ленче Тосева.

Захар Прилепин (1975) е руски прозаист, публицист, музичар. Во Русија е познат и по политичката, хуманитарната и воената дејност. Тој е ветеран од војната во Чеченија. По политичко убедување е националболшевик и член на партијата Друга Русија.

Книжевна афирмација му донесоа романите „Патологии“ (2005, за војната во Чеченија), „Санкја“ (2006, за млади набљудувачи), „Обител“ (2014)“, „Некои не паѓаат во пеколот“ (2019, роман фантазмагорија), книгите со раскази – „Грев“ (2007) и „Чевли полни со топла вотка“ (2008). Неколку негови раскази и повести се екранизирани. Автор е и на неколку есеистички и публицистички книги. Приредувач е на неколку антологии и зборници. Делата на Захар Прилепин се преведени на 24 јазици. „Обител“ е прво негово дело објавено на македонски јазик.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе