Руски сказни на македонски јазик за сите љубители на светот на имагинативното

Вечерва во Салонот 19,19 во Скопје во 19 часот и 19 минути ќе биде претставена книгата „Златниот коњ: руски народни сказни", во издание на книгоиздателството МИ-АН од Скопје. На македонската јавност ѝ се нуди избор од богатата ризница на руските сказни.

Изборот и преводот се на Емил Ниами, а за книгата ќе зборуваат Илија Велев, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски. Изборот е направен според традиционалниот опис на руските приказни во голем број руски зборници, хрестоматии, но и според нивната популарност на Интернет.

Во зборникот се вклучени следниве руски народни приказни: Василиса Прекрасна, Репка, Баба рога, Принцот Иван, жар-птицата и сивиот волк, Разбојници, Јовче-будалчето, Гуски-лебеди, Златниот коњ, Морскиот цар и Василиса Премудра, Елена Премудра, Златниот прстен, Оди таму – не знам каде, донеси го – не знам што и Маша и мечокот.

Светот на фантастичното, светот на имагинативното е она по кое денес страдаат децата, кои лесно се препуштаат на разните цртани и играни серии, видеоигри и слично, кои на детето не му оставаат простор за позитивно мечтаење. Она што е приоритет на оваа збирка е да им го врати оној дел од детството на најмладите читатели за кој и постарите генерации се сеќаваат со позитивност, а со кој освен основните функции, им дава на децата можност за изградба, како прво на естетски вредности, а исто така и започнува да ги гради нивните литературни критериуми кои се мошне важни за нивниот подоцнежен развој и духовна надградба. Сето тоа преку четиво богато илустрирано, прилагодено за возраста за која е наменето.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе