Романот „Тивка сила“ од холандскиот класик Луис Коуперус

Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје го објави романот „Тивка сила“ од Луис Коуперус, романсиер, поет и припадник на холандската книжевна класика.

Преводот, поткрепен од холандската фондација за литература (Letterenfonds), го направи преведувачката Ели Пујовска.

Ако класиците никогаш не престануваат да го кажуваат она што имаат да го кажат, тогаш романот на Коуперус е одличен пример за тоа. Тивка сила од 1900 година не само што прецизно го отсликува портретот на колонијалниот живот во мал провинциски град, туку додава и голема доза на „тивка сила“ како елемент што обврзува.

Во Тивка сила, Луис Коуперус ги скицира холандските колонии педесет години пред крвавото повлекување од Индонезија. Маестрално покажува како Холандија била принудена ментално да се одрече од својата позиција на моќ многу порано од предавањето на суверенитетот во 1949 година. Читателот постепено ќе дојде до сознание дека Холандија никогаш не можела ниту да победи во холандска Источна Индија, ниту да изгуби, бидејќи колонијалната моќ во Азија била концентрирана вон локалниот поредок и се толерирала како таква сè до еден одреден временски период.

Коуперус никогаш не престанува да го говори она што има да го каже. Затоа Тивка сила е класика во вистинска смисла на зборот.

Книгата на холандскиот класик ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.

Луис Мари Ане Коуперус (1863 -  1923) бил холандски романсиер и поет. Пишувал психолошки и историски романи, бајки и поезија. Го сметаат за еден од најдобрите холандски писатели. Се родил во Хаг како најмалиот од единаесет деца. Во 1872 година со своите родители заминал во Батавија (денешна Џакарта). Се вратил во Холандија во 1878 година.

Во 1888 година се појавил неговиот роман Eline Vere како фељтон во дневниот весник Het Vaderland и веднаш постигнал голем успех. Дотогаш веќе објавил две збирки поезија кои останале речиси незабележани. После една посета на Париз се венчал во 1891 година со својата братучетка Елизабет Бауд. Набрзо потоа двојката патувала во многу земји: Италија, Франција, Германија, Англија, Холандска Индија, Шпанија и Јапонија. Првата светска војна Коуперус ја поминал во Холандија, каде Eline Vere во тоа време се изведувала на театарската сцена. Во 1923 година во шеесеттата година од животот починал од воспаление на белите дробови и труење на крвта. Кусо пред тоа бил прогласен за Витез на редот на холандскиот лав.

Макар што почитувањето на неговото дело уште за време на неговиот живот започнало да се намалува, сепак неговите романи секогаш одново будат интерес. Во ова секако придонесла појавата на неколку биографии и преработки на неговите книги како филмови меѓу кои и романот „Тивка сила“. Сето ова придонесло Коуперус одново да стане интересен, овој пат меѓу широката и меѓународна читателска публика. Во текот на својот живот Коуперус уживал меѓународен углед. Неговите дела често се преведуваат во странство и се печатат во повеќе изданија. Во 1993 се основало Друштвото Луис Коуперус (Genootschap Louis Couperus) со цел да се да се истражуваат авторовиот живот и дело. Друштвото издава списание со наслов Arabesken.

 

 

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе