Романот „Недела“ на Ермис Лафазановски објавен на руски јазик

Во Москва деновиве излезе од печат романот „Недела“ на Ермис Лафазановски.

Тоа е петто дело од македонски автор обjавено (како и претходните „Вежби за ибн Пајко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски и „Дива лига“ на Влада Урошевиќ) во превод на руски од Олга Панкина во рамките на проектот „Сто словенски романи”.

Проектот го реализира Форумот на словенските култури со цел зближување на словенските народи.

Издавач на „Недела“ е Центарот за книга „Рудомино“. Овој реномиран руски издавач ја обезбедува и натамошната дистрибуција на книгите на големото руско јазично подрачје.

Творештвото на Ермис Лафазановски им е познато на руските читатели благодарение на преведените од Олга Панкина на руски неколку негови раскази и роман „Храпешко“ cо коj во 2014 година Центарот за книга „Рудомино“ успешно jа започна книжевната едициjа „Македонскиот роман на 21 век“.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе