Рoманот „На пола пат“ од Алија Авдовиќ излезе од печат

Во издание на здружението Диван, а со поддршка на Министерството за култура излезе од печат новиот роман „На пола пат“ од авторот Алија Аводвиќ.

Романот „На пола пат“ е напишан на босански јазик и е петто остварување на реномираниот бошњачки и македонски писател Алија Авдовиќ.

Во својата рецензија Амина Поровиќ вели: „Ова е роман на една внатрешна перцепција на проникнувањето на животот на бошњачкиот народ со потекло од Санџак, стремеж на една  длабока човечка вистина на самото човечко постоење.”

Уредникот на изданието, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ изјави: „Романот е создаден со големи и измешани емоции во кој се преплетуваат судбините на Бошњаците од Санџак, од Македонија и  од дијаспората. Центар на случувањата е Горно Оризари, село во Велешко каде освен емоциите, љубовта, одмаздата и др., освен лирското во романот истиот претставува и значаен допринос за историјата на бошњачкиот народ во нашата држава.“

Здружението Диван продолжува со поддршка, промоција и афирмација на бошњачките писатели во Македонија. За својата издавачка дејност искажуваат голема благодарност до Министерството за култура, кои го подржаа издавањето и на овој роман. Во понатамошниот период планирана е и промоција на книгата, истата ќе биде достапна за продажба во книжарниците во Скопје и дистрибирана до библиотеките.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе