Во издание издавачката куќа „Арка“ од Србија

Романот „Мрежата на Мамли“ објавен на српски јазик

Романот  „Мрежата на Мамли“ од Блаже Миневски е преведен и објавен во Србија. Во најавата на издавачот „Арка“ стои дека станува збор за дело што предизвикува потрес на книжевната сцена; роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, кодошите и полтроните, рекетарите и секретарите; роман за сусамот и бостанот, за лагите и ветувањата, за подаништвото и расипништвото; роман за „креативниот“ инжeнеринг извршен врз еден народ.

Романот на Миневски говори за моралното дно на сите можни дна до кое може да се спуштат оние кои мислат дека се „повикани да го земат во свои раце кормилото на државата“. Во такво опкружување литературата станува последен стражар на колективниот идентитет, сфатен не како идентитет на некаква зоолошка група-збирштина, туку како идентитет од заеднички национални митови, архетипови, преданија, историја, симболи, јазик и култура. 

Според српскиот издавач, романот на Миневски е приказна за група улави идеалисти, фатени во „мрежата на срамот“, кои налудничаво веруваат во својот утопистички свет што им е дошепнат како идеологија или создаден од нивната сопствена непресметаност. Соголени со помошта на една сонда, механичка деус екс макина, ставени се во ситуација да го зборуваат она што го мислат, не отстапувајќи од тоа што го прават, водејќи го целиот народ сосе нив самите во пропаст. Во тој контекст портретирањето на ликовите не би можело да се изведе без јазичното мајсторство и без хуморот, а најважните значења се вградени  незабележливо, како што доликува.

Романот на македонски пред три години го објави  „Матица македонска“. Во меѓувреме излегоа уште две изданија на македонски, а во фаза на превод е и на руски, бугарски, полски и унгарски јазик.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе