Романот „Куклата“ на Исмаил Кадаре преведен на македонски јазик

Краткиот роман „Куклата“ со поднаслов „Портрет на мајака ми" на Исмаил Кадаре, најистакнатиот албански и еден од врвните европски писатели, е преведен на македонски јазик. Најновото дело со автобиографска содржина го преведе Алида Муча.

„Во романот објавен во 2015 година, Кадаре се навраќа кон родниот град Ѓирокастро и кон три века старата семејна куќа, со необични ликови и со мноштво недоречени нешта. Во таа атмосфера Кадаре го разоткрива личниот однос кон мајака си Хатиџе Доби-Кадаре, жената која никогаш не успева докрај да ја разбере. Во тој внатрешен простор на недоикажаностите функционира психолошката напрегнатост на авторовиот сказ во овој особен роман. Авторот мајка си ја доживува како замолчана, кревка кукла од хартија. Оттука и насловот на неговиот, посебно значаен интимистички роман“, соопшти „Арс Ламина“ за новото дело на Кадаре, кое е меѓу бројните романи посветени на темата мајка и досега преведен на француски, италијански, шпански, хрватски и на романски јазик.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе