Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

Неодамна, бугарската издавачка куќа „Персеј“ од Софија го објави романот „Круг“ од Димитар Башевски.

Првото издание на овој роман кај нас е објавен во 2017 во издание на „Слово“, а второто издание го објави Издавачкиот центар ТРИ во 2018 година,  со обемен поговор од академик Катица Ќулавкова. Во тој поговор, Ќулавкова истакнува дека со романот „Круг“, Башевски создаде роман интересен, драматичен, богат со содржини, стилски необичен, јазично складен, психолошки изнијансиран...

Книгите на Башевски, освен овојпат на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе