Антолог

Романот „Диссомнии“ од македонскиот писател Игор Станојоски ќе има промоција на „Букстар“

На Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ на 04 ноември, со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб-ресторан, ќе се одржи промоцијата на романот „Диссомнии“ на македонскиот писател Игор Станојоски, како дел од програмата „Македонска поддршка“ на Фестивалот. Промотори на романот ќе бидат Лидија Капушевска-Дракулевска и Душко Крстевски.

Книгата „Диссомнии“ е сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани. Дејството е со многу пресврти и содржи елементи на трилер, хорор и психолошки роман. Читателот од самиот почеток ужива во сите раскажувачки нишки, но оставен е до пред самиот крај да се прашува каде води сето тоа и со што ќе резултираат сите елементи на личната и семејната драма на раскажувачот, изненадувачки испреплетени со колективната драма предизвикана од општествени немири.

„Роман каков што досега не видела македонската литература. Уште еднаш, можеби најсилно досега, Станојоски се покажува како мајстор за заплети, брзина, акција и изобилство од дејство, шокантен во самиот крај. Да, ова е роман што шокира и трајно се врежува во меморијата“, пишува во рецензијата кон романот Фросина Пармаковска.

„Роман што ве голта во својата пајакова мрежа, исполнета со неизвесност и со авантура што се разгорува со секоја нова страница“, коментира рецензентот Душко Крстевски.

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на Катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и Брно. Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Автор е на романите „Гаргара“ (2014), „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ (2016) и „Диссомнии“ (2017).

Големото финале на третото издание на Фестивалот ќе се случи на 05 ноември 2017 година, со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб ресторанот, каде ќе биде промовирана поетската антологија „Нема стих, нема мир!“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе