Во издание на „Изида“ од Софија

Романот „Бунар“ на Башевски излезе во бугарски превод

Издавачката куќа „Изида“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Бунар“ од Димитар Башевски во превод на Тања Попова.

Првото издание на романот „Бунар" кај нас е објавено во 2001 година, ја доби потоа наградата Роман на годината на Утрински весник и доживеа повеќе изданија во земјата и во странство.

Минатата година, исто така во Софија, беше објавен романот „Круг“ на Башевски.

Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски".

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе