Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик

Во издание на издавачката куќа „Персеј’’ објавен е романот „Амбасади” на авторот и академик Луан Старова на бугарски јазик. Бугарското издание излезе под наслов „Амбасадор на земјата што нема да постои”, во превод од македонски јазик на Марин Петров.

Инаку, ова е шести роман од „балканската сага’’ на Старова кој се објавува во Бугарија, по романите: “Времето на козите”, “Враќањето на козите”, “Балкански клуч”, “Балканвавилонци” и “ Ервехе – книга за една мајка”.

Бугарскиот кадемик Антон Дончев забележил дека „оваа книга е рожба на нашиот свет. Таа е повик за обединување. Низ целата книга се проникнува вистината дека проблемите се заемно поврзани, одејќи од минатото се проектираат во иднината. И дека мирната и творечка соработка меѓу народите нема друга алтернатива“.

Академик Дончев, е автор на предговорот на романот „Ервехе-книга за една Мајкa”, по повод книгата „Балканвавилонци”, прогласен за роман на годината во Македонија.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе