Репринт издание, „Гравири – 40 години отпосле“

Во издание на ПНВ Публикации од Скопје е објавена книгата „Гравири – 40 години отпосле", репринт издание пропратено со нови критички согледувања од Венко Андоновски и Димитар Пандев.

Книгата, покрај репринт изданието на „Гравири“ од 1979 година, збогатена е со новите текстови „Гравирање на голиот јазичен знак“ од Венко Андоновски и „Гравири – читани четири децении отпосле“ од Димитар Пандев, потоа со текстови од Милан Ѓурчинов, Димитар Пандев, Ѓорѓи Старделов, Слободан Мицковиќ и Веле Смилевски кои се појавиле во времето кога книгата беше актуелна, како и со прилози – фотодокументација од огласите во 1979 – 1980 година.

Ова издание на „Гравири“, по четири децении, според авторот претствува „проверка на свежината на тогашниот поетски полет и занес и дали тој занес уште трае“.

„Гравири“ се појави во реномираната едиција „Алфа“ во 1979 година кога авторот имаше 19 години, а во 1980 година беше наградена, со реномираната награда „Млад борец“.

Неколку песни од книгата веднаш се најдоа во антологиите на македонската поезија, а книгата, според Андоновски претставува „камен-меѓник во нашата поезија пред 1980 и по 1980 година“.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе