„Разговори со Конески“ од Цане Андреевски во издание на „Матица македонска“

„Матица македонска“ објави ново издание од книгата „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски, кои авторот ги водел од 1985 до 1990 година.

„На страниците од ова дело големиот македонски поет и кодификатор на македонскиот литературен јазик говори за суштествени теми од нашата национална и книжевна традиција, како и за современите процеси во втората половина на 20  век. Според Цане Андреевски, овие разговори со Конески, една од меѓните културно-национални личности на современата македонска историја, во еден следствен опфат нудат извонредни страници на откривање, на провокација, на естетска наслада, на љубопитна реценција, на мноштво лични опсервации и сведоштва кои што веќе и во историска смисла се неопходни како приопштување и како дополна на огромниот книжевен, научен и животен опит на самиот Конески“, соопшти издавачот.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе