Матица Македонска

Разговори со Блаже Конески

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат ново издание од книгата „Разговори со Конески“, кои писателот  Цане Андреевски ги водел од 1985 до 1990 година.

На страниците од ова дело големиот македонски поет и кодификатор на македонскиот литературен јазик, говори за суштествени теми од нашата национална и книжевна традиција, како и за современите процеси во втората половина на дваесетиот век.

Според Цане Андреевски овие разговори со Конески, една од меѓните културно-национални личности на современата македонска историја, во еден следствен опфат нудат извонредни страници на отркивање, на провокација, на естетска наслада, на љубопитна реценција, на мноштво лични опсервации и сведоштва кои што веќе и во историска смисла се неопходни како приопштување и како дополна на огромниот книжевен, научен и животен опит на самиот Конески.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе