Нова книга на академик Георги Старделов

„Раѓањето на трагедијата – поезијата и поетското искуство на Матеја Матевски"

„Матица македонска“ ја издаде најновата книга на академик Георги Старделов, „Раѓањето на трагедијата – поезијата и поетското искуство на Матеја Матевски".  Старделов бил инспириран од мемоарската книга на поетот „Записи по сеќавање" па во своето најново дело тој го анализира творечкиот опус на Матевски.

Во своето најново критичко-есеистичко дело авторот го анализира и вреднува богатиот поетски опус на познатиот писател, еден од најпреведуваните македонски автори во светот и добитник на престижни национални и меѓународни награди.

Старделов во уводот нагласува дека книгава ја финализирал во истиот час кога почнал да ја чита мемоарската книга на Матеја Матевски „Записи по сеќавање", а ја завршил пред смртта на поетот.

„За мене, ваквата животна и книжевна ситуација беше нешто сосема ново и единствено. Јас ги читав сеќавањата на нашиот поет и преку нив ја читав неговата поезија, ги слушав неговите сеќавања и врз нив го гледав и проследував неговиот живот во поезијата и поезијата во неговиот живот", вели Старделов.

Георги Старделов е филозоф, естетичар, есеист, литературен критичар и антологичар. Автор е на богат критичко-есеистички и научен опус, за кој е добитник на бројни признанија, меѓу кои на државната награда „11 Октомври", како и на наградите „13 Ноември" на Град Скопје, „Кочо Рацин" за најдобра книга на годината, „Димитар Митрев" за најдобра критичко-есеистичка книга, и на повеќе странски признанија.

Беше претседател на МАНУ од 2008 до 2011 година, а во оваа највисока научна институција го раководи макропроектот „Историја на културата на Македонија" од кој во негова редакција се објавени 28 тома.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе