сабота, 4 мај 2024

Шкендија го победи Шкупи на Чаир, Брегалница и Македонија ЃП испаднаа во Втора лига

Шкендија со 2-0 го победи Шкупи на негов терен и освои три големи бода кои на крајот може да се покажат како клучни за титулата, рамо до рамо со нив на врвот е и актуелниот шампион Струга кој со 1-0 го совлада Гостивар, Македонија Ѓорче Петров и Брегалница на две кола до крајот испаднаа од Првата лига.

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија ја доби големата битка на Чаир, Шкупи сега заостанува три бода зад првото место и можеби се збогува со шансите за титулата.

Цаке во 18. минута и Адеми во 59. минута беа стрелци на головите за Шкендија во денешната исклучително значајна победа над ривалот.

Струга со гол на Радески во 22. минута го победи Гостивар со 1-0 и со идентични бодови е на врвот заедно со Шкендија.

Во следното коло Шкендија го пречекува Гостивар во дуел кој може да го даде шампионот.

На две кола до крајот Македонија Ѓорче Петров и Брегалница ги загубија сите шанси за опстанок, во следната сезона ќе играат во Втората лига.

Вардар со гол на Дејан Ѓуриќ во 93. минута ја победи Македонија Ѓорче Петров со 1-0. Црвено-црните остануваат во борба за избегнување на бараж дуелот за опстанок.

Брегалница одигра 1-1 на гостувањето кај Брера. Штипскиот тим одлично почна, со гол на Филиповиќ поведе со 1-0 уште во деветата минута, во финишот од првиот дел Ивковиќ погоди за 1-1.

Работнички со 3-1 славеше над Тиквеш. Мазари беше стрелец на два гола за Работнички, еден постигна Далеј. Погодокот за кавадаречкиот тим беше дело на Луиан Силва.

Резултати:
Брера – Брегалница 1-1
Работнички – Тиквеш 3-1
Шкупи – Шкендија 0-2
Струга – Гостивар 1-0
Вардар – Македонија ЃП 1-0
Воска – Силекс 2-1

Табела: Шкендија 61, Струга 61, Шкупи 58, Тиквеш 42, Работнички 41, Силекс 41, Воска 40, Гостивар 40, Брера 38, Вардар 35, Брегалница 27, Македонија ЃП 26.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ