Рацинови средби во Велес по 58-ми пат

Со Меѓународен поетски митинг во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, синоќа беа отворени 58-те Рацинови средби.

На поетскиот митинг настапија поети од земјава, како и гости поети од Србија, Бугарија, Црна Гора и Италија. Традиционалната Беседа за Рацин ја одржа проф. д-р Атанас Вангелов, а потоа прв со свои стихови го отвори Меѓународниот поетски митинг.

Вангелов го постави прашањето „што би рекол Рацин да е денес тука” и појасни дека тоа ќе го одговори на еден индиректен начин, преку една негова песна Работник од 1930 и друга од 1936 година.

Тој потсети дека во 1939 година кога се појавува стихозбирката „Бели Мугри” на Рацин тогаш неговиот далеку помлад брат по перо Блаже Конески ја пишува својата прва песна „Спомен”.

„Имам впечатлива слика во таа песна на Конески која се споредува со наврнат воз со  мака што рика во неговите гради затоа што бил роден во смачкано племе.Некаде пред крајот на својот живот Конески уште еднаш се врати на тој наврнат воз во својата песна ‘Спомен по многу години’. Во таа песна поетот на ‘Везилка’ и ‘Тешкото’ рече ‘уште рика маката во мене дека сум роден во смачкано племе’. Јас сум убеден дека нешто слично би кажал и Рацин како само за оној Работник кој работи со рака и мисли со глава, така и за онаа смачкано племе кое Рацин го вика, На трудот црн народ.У верен сум исто така дека во неговите стихови би имало многу повеќе горчина, многу повеќе гнев од оние од што ги среќаваме во неговите ‘Бели Мугри’. Беспомошниот Рацин како што вели Конески, загина во јуни 1943 година и тој не доживеа да се остварат неговите идеали, како што доживеа Мирослав Крлежа во неговата длабока старост.Рацин беше понесен од македонската идеа и социјалистичката револуција како што кажа Конески на Рацинови средби во Велес, две-три недели пред да почине на 17 ноември 1993 година”, потсети Вангелов.

Споредувајќи го Рацин со Мирослав Крлежа, тој нагаси дека Крлежа и Конески доживеаја да се остварат неговите идеали, но не и Рацин.

„Од тие остварени идеали потекнуваат песните на Конески  ‘Молитва’, ‘Влажни пореци’, ‘Че Ге Вара’ и многу други песни во кои јас го слушам Рацин, кој како и поетот Коле Неделковски кој зборува низ уста на Конески во неговата поема ‘Ракувања’. Тој глас на Рацин одамна се слеа со гласот на Конески како што неговиот глас се слеа со гласот на оние што и денес копнеат по правда и достоен живот како неговиот Работник, што работи со рака  и мисли со глава”, потенцира Вангелов.

Вечерта беше заокружена со вокално-инструментален концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец’.

Рациновите средби продолжуваат денеска со традиционалната посета на Спомен куќата на Рацин и промоција на збирка на поезија на млади поети. Свеченото затворање на 58. Рацинови средби е вечерва во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” со претставување на портретите и доделување на наградите Почесно рациново признание за 2021 на Алја Генадјевна Шешкин и на на Милован Стефановски.

Претходно во фоајето на театарот е најавена и промоција на виното „Рацин” на винаријата „Шато Сопот”.

МИА

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе