Прозата на Александар Прокопиев во едиција на реномираната историја на европските книжевности

Најновата едиција на реномираната историја на европските книжевности Les Lettres Europeénnes излезе од печат во Париз. Автори се четворица универзитетски професори: Аник Беноа-Дисосо, Ги Фонтен, Јан Једрзејевски и Тимур Мухидин, а тие соработуваа заедно со двесте книжевници од Европа. Предговорот на ова издание е на нобеловката Олга Токарчук.

Во ова капитално дело од речиси 1.200 страници, во 16 поглавија, најнапред се толкува и аргументира концептот на европската литература, а потоа се анализираат авторите, книгите и поетиките од Средниот век до денес.

Меѓу значајните имиња на современата европска литература, во ова издание, во неговото последно поглавје „Тенденции и современи фигури, 1989-2021“, се анализира и прозата на современиот македонски писател Александар Прокопиев. Тој е застапен помеѓу авторите: Херта Милер, Елфриде Јелинек, Слободан Шнајдер, Мануел Ривас, Олга Токарчук, Биљана Србљановиќ, Јури Андрукович, Људмила Улицкаја.

По кусата биографија, следи анализа на неговата поетика во „Човечулецот“ и „Ѕиркачот“, со цитирани мислења за неговата раскажувачка постапка од Владислав Бајац и Георги Господинов. Поетиката на Прокопиев се сместува во таа на инвентивни раскажувачи како Бартелми, Калвино. „... тој ужива во подметнувањето на сентименталните парчиња од бајките, задржувајќи бројни елементи на фантастичните или магичните повести. Прокопиев ја втелотворува постмодерната струја во Македонија, додека ги тера читателите да го прифатат фактот дека самиот живот се темели на збрка“, се заклучува во освртот.

 

 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе