Промовирани три тома од „Слова за словото“ на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Tрет, четврти и петти том од книгата-проповеди „Слова за словото“ од неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан беа промовирани во Музејот на македонска борба во Скопје. Книгата е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан изминативе 20 години како поглавар во Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и 33 години како архиереј во епархиите во земјава и дијаспора.

Како што истакна академикот Катица Ќулавкова во своето излагање на промоција на книгата, ораторскиот опус на овие дела претставува збир на заеднички слова во разни значајни поводи и свечености, но и увид во неговите интервјуа кои се читаат како поткрепа на бројни негови заеднички изјави.

„Го имаме пред сѐ третиот, четвртиот и петиот том од обемниот опус и ораториум на г.г. Стефан. Ораторскиот опус на поглаварот на македонска православна црква претставува првенствено збир на заеднички слова во разни значајни поводи и свечености, а потоа дава увид во неговите интервјуа кои жанровски припаѓаат на друг вид говор, но можат да се читаат и како поткрепа на бројни негови заеднички изјави“, рече Ќулавкова.

Беседничката дејност на архиепсископот Стефан, според Ќулавкова, е значајна во онаа мера во која што е значајно негувањето на православно христијанска мисија и дело во современа наша држава.

„Словата во овие три тома во кои имаат возвишана интонација, јазикот во нив е милозвик, милозвучен и совесен. Третиот том е составен од слова и интервјуа извлечени и објавени во период од 2009 до 2014 година, томот број 4 е составен од слова извлечени во период од 2014 до 2019 година, а томовите се посветени на христијански теми кои имаат повеќе библиска културна национална македонска тематика“, објасни Ќулавкова.

Таа додаде дека беседништвото има важна и прагматична енергија без која што незамисливо е ширењето на христијанството низ вековите.

„Опстанокот на христијанската вероисповед е тесно поврзан со христијанското беседништво. Сепак, и кога отстапува од историската сцена, опстојува во запишаните сведоштва и усните преданија. Јазикот е предуслов за опстанок на човештвото. Но човек кој не сторил ништо општо добро за некоја виша цел, не е достоен да се впише во колективното предавање. Може да се зборува за придвижувачка состојба на свеста, онаа која има моќ да промени светот на подобро, само доколку јазикот е ставен во улога на заштита на вистината и правдата“, додаде Ќулавкова.

Архиепископот г.г. Стефан на промоцијата рече дека Словото е со поучна и евангелска содржина, и е посветено на Исус Христус кој, како што рече, бил и останува средиште на црковната проповед.

„Најтешко е човек да си биде судија сам на себе. Но ќе речам дека секогаш насекаде и за сѐ сум се трудел  да објаснувам и опишувам со кратки и сфатливи зборови за секого. Исто така, секогаш сум ја имал в предвид онаа старозападна порака дека тешко ќе им биде на пастирите кои самите се пасат, односно говорат сами за себе. Но доколку се восхитиме на она што лично сметаме дека сме го заслужиле, чествувањето ќе биде разбрано и запаметено. Исус Христос бил и останува средиште на црковната проповед. Токму нему му се посветени сите слова од моите пет книги“, рече г.г. Стефан.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе