Промовирани две книги од Славе Катин во Торонто

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, промовирани се делата „Семејството Видиновски“ и „Македонците во светот“ од  Славе Катин.

Монографијата „Семејството Видиновски“ е во издание на  „Македонска искра“ од Скопје, а излезе од печат во 2020 година. На македонски и на англиски јазик се опфатени текстови за  иселениците Рада и Борис Видиноски од Торонто. Рецензенти на делото се проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Нада Николовска.

Монографијата е посветена на поетското творештво на Рада Видиновска, која е автор на четиринаесет поетски дела. Таа е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Рада Видиновска е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Публикацијата „Македонците во светот“ од Славе Катин е  издание на  „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од Прилеп и е објавена на македонски јазик. Рецензенти се д-р Лефтер Манче од Канада, Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европската Унија и Душан Ристевски од Австралија.

Според издавачот, книгата „Македонците во светот“ заслужува внимание од домашната и од пошироката научно–културна јавност, како и од секој Македонец во дијаспората и во татковината. 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе