Промовирани аудиовизуелни записи од поезијата на Блаже Конески

Аудиовизуелни записи од поезијата на Блаже Конески, подготвени на сите јазици во нашата земја, и кус запис за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура вечерва беа промовирани во дворот на Министерството за култура.

Видеата се подготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик. 

Министерката за култура Ирена Стефоска нагласи дека со сите активности што досега се реализираа, а и со оние што следуваат, допрва сакаат да постигнат една основна цел.

„Сакаме да ги зачуваме и да ги пренесеме на идните поколенија неговите постигнувања, стремежот кон извонредност во науката и во лингвистиката, неговата теориска и филозофска мисла, неговата уметност во поезијата и сето тоа што е целосно и темелно посветено на македонскиот јазик, книжевност и воопшто на македонската култура“, истакна Стефоска.

Министерката за култура се осврна на се што создал големиот Конески, во книжевната наука, во лингвистиката, во поезијата, во фолклористиката, во славистиката… Сето тоа, како што рече, покажува дека тој бил мислител што успевал секогаш со едноставен јазик да ги искаже есенцијалните нешта на нашиот културен индентитет.

„Тој е човекот што суштински придонесува македонскиот јазик и македонската книжевност да станат дел од, како што вели самиот, светскиот литературен процес“, рече Стефоска, која пред присутните прочита извадок од есејот „Мигот" од Блаже Конески.

Посетителите проследија кратко видео за животот, делото и творештвото на Блаже Конески, збогатено со изјави на негови студенти, колеги, соработници…

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе