Промовирана монографијата „Иконата на Бистра“ на Киро Кипроски

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Бигорскиот манастир, вчера беше промовирана монографијата „Иконата на Бистра, закрилник на православието“. Новата книга на Киро Кипроски е посветена на 25-годишнината од возобновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир и јубилејот 1.000 години од основањето на едно најзначајните светилишта во Македонија.

На прогодната свечност, зборуваа промотерите уредникот на книгата јеромонахот Кирил и Марјан Велески новинар и уредник во весникот Нова Македонија.

Писателот Александар Прокопиев во рецензијата на монографијата насловена „Исцеление на душата“ ќе потенцира:

„Авторот Кипроски имал своевидна среќа да ги бележи и пренесува искуствата од животот на манастирот во последниве неколку децении. Со фактот што токму во овој период е сведок, запишувач и фотограф на манастирскиот живот, се соочил со клучни настани во неговиот развој.“

Во книгата, на околу 500 страници се содржани текстови и фотографии за настани и случувања за монашкото братство и сестринството во Раичкиот манастир „Св. Ѓорѓија Победоносец“, враќањето на богослужбите и литургиите во обновувените цркви и манастири и изградба на нови црковни градби во регионот на Долна Река и Мијачијата.

Кипроски е единствениот новинар кој присуствувал и го забележал замонашувањето на сегашниот игумен Партениј. Тој во предговорот во текстот насловен „Предисловие“ забележува:

„Оваа книга, всушност, претставува своевиден современ летопис на Бигорскиот манастир за последните триесетина години, време преисполнето со настани и дејствија, дотолку повеќе што во тој период се паѓа возобновата на монашкиот живот и на Обителта воопшто.“

Монографијата е единаесетто книжевно дело на Киро Кипроски долгогодишен новинар, и публицист. Издавач е Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ – Ростуше.

 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе