Во Тетово

Промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија“

Во Тетово вечерва беше промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија попис од XIX век – Скопски санџак, Тетовска каза 1832/33" од авторите Аднан Шериф, Музафер Бислими и  Миревете Ибраими од Државниот архив на Република Македонија. Ова дело е прва книга и прв том, издадено на македонски и албански јазик.

„Станува збор за книга со документи од Османлиската држава за регистрација на населението од исламска вероисповед кои живееле во санџакот на Скопје односно казата на Тетово и околината. Османлиската држава луѓето не ги разликувала по етничка туку по верска припадност. Секогаш се воделе пописите во посебни дефтери, во посебен дефтер се водело муслиманско население, во посебен дефтер христијанско население, потоа и посебни дефтери еврејско и ерменско население“, изјави Аднан Шериф, еден од авторите.

Покрај книгата за муслиманското население, подготвено е и друго дело за христијанското население.

„Османлиската држава не ја делела својата територија по држави на пример Македонија туку се делела денешна Македонија по три вилаети- Солунски, Скопски и Битолски. Сите вилаети ја опфаќале денешна Македонија и така работиме за прв пат скопскиот санџак а една од казите е тетовската каза.  Се работи за огромен материјал за огромен простор така да како што ги разликува османслиската империја по дефтери, а станува збор за дефтерот број 5506“, истакна Аднан Шериф.

Според авторите османслиската држава и порано од 19 век водела евиденција на населението, но овој од 19 век е налик на денешните модерни пописи.

„Целта на пописите во османлиската држава и водењето на населениет во посебни дефтери била поради земањето на даноците и обврската за одење во војска. Муслиманите не плаќале арач или данок, но биле обврзани да служат војска. Христијаните не биле задолжени да служат војска но плаќање данок и другите кои биле од дригите религии. Така утврдувале колку даноци ќе наплатат и колку луѓе ќе имаат за војската“, рече Андан Шериф.

Во рамки на промоцијата беше и изложба на документи од Турција „200 илјади југословенски иселеници" од Муртезан Солоџа за лица кои колективно добивале турски држајанства од 1956 до 1972 година. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе