Во Тетово

Промовирана книгата „Тивкиот фронт на Виктор Аќимовиќ“

Во Државното музичко училиште во Тетово синоќа се одржа промоција на книгата „Тивкиот фронт на Виктор Аќимовиќ“ од публицистот Бранислав Светозаревиќ.

Станува збор за историско архивистичка книга, чиј промотори беа проф. д-р Виолета Ачковска и проф. Оливер Андонов.

„Виктор Аќимовиќ е роден во 1915 година во Тетово, каде живеел до 1941 година. Починал во Скопје во 1987 година. Тој бил македонски револуционер, деец, подоцна и новинар и фотографски автор. Знаел седум јазици, уште на 19 години имал отворено весник во Тетово, се бори за македонската кауза. Енигмата кај него е разузнавачката работа за советската служба НКВД. Бил осудуван од повеќе власти, режими и фашистичките окупатори“, изјави Светозаревиќ.

Авторот книгата ја пишува неколку години откако нашол одреден број документи за Аќимовиќ. Според Светозаревиќ, во тајните служби на неколку држави постојат уште документи за Аќимовиќ, што значи дека уште може да се пишува.

„Освен за НКВД се смета дека работел и за британската служба МИ6. Со оглед дека живеел поинаков живот, никогаш не бил разбран во својата средина, но од друга страна преку фотографијата успева да добие врвни награди низ Европа. Понудено ми е сценарио за филм, бидејќи тој секогаш бил на линијата на животот и смртта. Сметам дека живеел налик на Џемјс Бонд. За него постоја документи кои не се достапни во Москва, Лондон и во Софија“, нагласи Светозаревиќ.

Ова е 11-та книга на Бранислав Светозаревиќ, кој е роден 1966 година. Тој е доктор по историски науки, а научно истражувачката дејност ја врши во областите на историјата, архивистиката, музеологијата и културата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе