Промовирана книгата „Старите занаети во Прилеп“ од Моника Талеска

Книгата „Старите занаети во Прилеп“ од Моника Талеска синоќа, во предвечерието на празникот 11 Октомври, беше промовирана во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков" во Прилеп.

Со факти, разговори со занаетчиите, со сликата за прилепската Стара чаршија, авторот Моника Талеска, новинар, советник за односи со јавност во локалната самоуправа, а сега в.д директор на прилепската Градска библиотека, ја раскажува приказната за душата и јадрото на чаршијата – старите занаети кои полека изумираат, но се појавуваат и некои нови што ги носи современото време.

За мотивот што ја натерало да ја напише книгата на која работела две години, Талеска нагласува дека сака за памтивек да се зачуваат храбрите луѓе, душата на Прилепската чаршија.

„Фактот што Прилеп во своето срце ја има Прилепската чаршија, а нејзината душа се занаетчиите кои работат во своите скромни работилници толку посветено, трудољубиво, мирно и тивко и достоинствено целиот свој живот, а сакаат само скромно да го поминуваат животот, ми се чини дека е повеќе од голем предизвик. Да другарувате извесно време со ковачот, со наланџијата, гајдаџијата, секирџијата, самарџијата,  јорганџијата, со првиот бербер во градот, со фризерот Јовица, Иван електричарот кои добар дел од живото го посветиле на граѓание, е голема привилегија. Нивниот занает полека изумира. Го почувствував, духот, со нив разменив емоции. Јас станав дел од нив, а мислам дека книгата, монографијата, ќе биде дел од нив. Некои занаети изумираат, но се раѓаат нови, што ги носи современото време. Оваа книга е значајна и за нашите сограѓани да се навратат уште еднаш на нашите корени“, истакна авторот Талеска.

Промоторот Слободан Беличански рече дека книгата, првенец на Моника Талеска се фокусира на Прилепската чаршија и на се уште живите стари занаети.

„Авторката Талеска сака да покаже дека сето тоа е дел од достоинствената културна историја на Прилеп и дел од, исто така, неговото живо економско пулсирање. Воедно, книгата треба да се сфати и како повик за продолжување на нашиот грижлив однос кон културното наследство. На градот и на државата“, изјави Беличански.

Текстовите во книгата се на македонски и на англиски јазик.

Во рамките на промоцијата беа изложени и 36 уметнички фотографии на занаетчии. Нивната изложба е проект дел од „Нов културен бран“ финансиран од Министерството за култура. Изложени се и алатки и производи на занаетчиите кои изразија желба дел алатки да им подарат на граѓаните. Фотографиите се изработени од прилепскиот фотограф Александар Десоски во соработка со Талеска која нагласи ќе им бидат подарени на Прилепската занаетчиска комора.

Според фотографот Десоски, фотографиите автентично ги доловуваат занаетчиите во нивната работа.

„Изложбата ја организираме заедно со Моника Талеска, автор на книгата за старите занаети. кога ми го презентираше проектот, многу ми се допадна и решивме да ги направиме фотографиите. направивме прекрасни 36 фотографии од различни занаетчии и верувам дека граѓаните ќе уживаат разгледувајќи ги. фотографиите се направени во рок од еден месец“, рече Десоски.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе