Промовирана книгата „Нашето националистичко пијанство“ од историчарот Литовски

Општинската организација на Сојузот на борци од Битола синоќа во рамки на Битолското културно лето „БитФест" ја промовираше книгата „Нашето националистичко пијанство" од историчарот Александар Литовски.

Во книгата се публикувани 170 колумни пишувани во период од две години, односно од мај 2015 до мај 2017 година кои Литовски ги објавил во неколку национални печатени медиуми.

- Објавените колумни во книгата се со истиот текст, без да ги дотерувам или пак преправам, затоа што било каква интервенција ќе ги обезвреднеше, ќе им ја одземеше нивната документарност, оти тие се своевидна хроника за Македонија во едно време. Современиците на овие текстови на кои сеуште им се свежи сеќавањата за настаните во државата се надевам дека нема да дозволат неправдите и редукции на слободите да ни се повторат. На идните генерации, се надевам дека книгата ќе им биде четиво за предупредување од опасности, истакна Литовски на промоцијата.

Книгата „Нашето националистичко пијанство“, чиј издавач е издавачката куќа „АЗ-БУКИ“-Скопје, ја промовираа Љубица Јанчева и Ѓунер Исмаил. 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе