Промовирана книгата на Билјана Ванковска - „Македонија е сѐ што немаме“

Збирката колумни под наслов „Македонија е сѐ што немаме“ на професорката Билјана Ванковска денеска беше промовирана во просториите на Социјалистичјата партија на Македонија во Скопје. Во оваа книга собрани се 149 колумни на Ванковска објавувани од 2010 година, секој понеделник во весникот „Нова Македонија“. 

Книгата ја промовираа професорките Гордана Силјановска-Давкова и Виолета Ачковска и амбасадорот Ристо Никовски. 
Промоторите беа едногласни во оценката дека оваа збирка есеи даваат прецизна слика за можеби најтешкиот период на македонската историја, период кога се направени непростиви историски грешки со Охридскиот рамковен договор, со Преспанскиот договор... период кога сме сведоци на едно срамно самоуништување. Но, вината е само наша, се согласија промоторите.
Според нив, оваа книга дава извонредна слика за трагедијата на македонскиот народ, за настаните кои нѐ доведоа до ова дереџе.
Тие се надеваат дека македонскиот народ од сето ова што се случува ја научил болната осториска лекција и дека доаѓа времето на нова македонска пролет, на нов АСНОМ.
Авторката за своите колумни рече дека се еден вид на крик, знак на очај на некој што трпеливо работел соочен со сопствената немоќ и се надева дека нејзината наредна книга ќе биде со многу повесел наслов.  
 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе