Промовирана книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и“

Книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и", заедничко дело на авторите Драги Неделчевски од Тетово и Никола Гелевски од Скопје беше промовирана во Тетово. Дванаесетмината фотограф(к)и се претставени со по неколку фотографии и нивни одговори на прашањата: „Што е за вас фотографијата?" „Кажете ни неколку зборови за конкретните фотографии застапени во книгата“.

„Неколку години имавме идеја за создавање на вакво дело и еве сега се поклопија работите. Добвиме грант од Министеството за кулурата. Тешко е да се одбере 12 фотографи, кога има експанзија на фотографијата, а има доста признаени фотографи дури и надвор од земјата. Не беше лесна задачата на само 12 да го сведеме изборот, сепак возбудливо беше истражувањето“, рече Никола Гелевски.

Во книгата се застапени авторите Зоран Шекеров, Маја Аргакијева, Иван Блажев, Васе Аманито, Владимир Арсовски, Дејан Колевски, Билјана Јуруковски, Иван Илиев, Весна Каревска, Самир Љума, Лилика Стрезоска и Натали Башоски.

„Тука во Македонија нема книга за да ги претстави македонските фотографи. Голема чест и предизвик за мене беше како да биде концептот, какви фотографии да претставиме кога има многу фотографи кои работат добра фотографија. Се најдовме со Никола и имавме слична концепција, сакавме да претставиме македонски фотографи кои негуваат фотографија блиска до современите трендови. Да покажеме дека и Македонија има што да понуди. Без вакви книги тоа не се гледа, не е забележително. Тешко се правеше изборот, рековме да бидат 10 автори, ама потоа пресековме да бидат 12, дури цела година одлучувавме“, изјави Драги Неделчевски.

Промоцијата на книгата беше составен дел од проектот „Медиумот е порака" во чии рамки се одржа и разговор на тема „Сликата на другиот" во кој учествуваа Никола Гелевски, Искра Гешовска, Бојан Иванов, Драги Неделчевски и Елмедина Шафи. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе