Промовиран водич за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Библиотеката „Ал-Би“ од демирхисарското село Бабино промовира Водич низ културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар.

Станува збор за публикација, поддржана од Министерството за економија, сектор за туризам и угостителство со која се овозможува секој читател, посетител и турист да се  запознае, како што вели издавачот Стево Степановски, со уникатната и недопрена убавина и да вкуси од демирхисарски специјалитети.

„Публикацијата е лесно читлива, во 40 страници на кои доминираат фотографии од селата Бабино, Слоештица, Смилево,Вирово, Жван, Железнец…манаститор во Слепче, цркви во демирхисарско и други објекти. Но, во публикацијата читателот може да прочита и за стариот даб кој се наоѓа во непосредна близина на манастирот !„Св. Петка“, за изворите на Црна Река, потоа за валавиците по течението на Бела Река и други реткости“, истакна Степановски.

Во Водичот посебен дел е посветен на кулинарските богатства во демирхисарско и публикувани се рецепти за подготовка на бакрданик, ѓомлезе, кашаник, свирипиле, макало со грав и суви пиперки и друга, како што нагласи Степановски, вкусна храна позната за демирхисарското поднебје. 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе