Во МАНУ

Промовиран тријазичниот труд „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија“

По повод 78-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, денес во Македонската академија на науките и уметностите ja промовирамe тријазичната книга „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија", со што сакаме да изразиме почит кон сите жртви на холокаустот и благодарност до оние кои помогнаа во спасувањето на овдешните Евреи, рече на промоцијата д-р Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

„Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија" е уникатно дело од ваков карактер во нашиот регион и пошироко бидејќи за првпат се занимава со подробна интерпретација на законодавството на одредена земја, во случајов Царството Бугарија како прекршител на нирнбершките закони, кои имаа општ карактер да ги санкционираат сторителите на злосторствата за време на Втората светска војна, рече Асани на промоцијата.

Тој нагласи дека Институтот за духовно и културно наследство на Албанците преку вакви дела има за цел да го консолидира критичкото и научното мислење за сложените историски процеси од минатото, промовирајќи објективна и непристрасна опсервација на сложената слика од минатото. Ова е, исто така, една од научните и истражувачките цели во рамките на Одделот за студии и едукација на холокаустот, прв од ваков вид во регионот, кој функционира во рамките на Институтот, рече Асани..

„Најсериозниот напор на овој оддел е тој да се издигне на ниво на научни студии, за чијашто цел се ангажираше специјализиран кадар како што е Нора Малиќи – Зулали. Малиќи - Зулали како истражувач на еврејското прашање, во својата докторска дисертација со наслов 'Законодавната политика на Бугарија кон еврејското население во Македонија (1941-1944)', става посебен акцент на скопскиот монопол како центар за собирање и транзит. Во рамките на овој оддел е ангажирана еврејската истражувачка Маја Суша, која деновиве е во фаза на изработка на магистерски труд посветен на еврејските спасувачи од Македонија. Во оваа прилика сакам срдечно да му се заблагодарам на нашиот пријател и неуморен истражувач д-р Владо Поповски, за особено значајниот придонес во составувањето на оваа книга која ја промовираме денес во Македонската академија на науките и уметностите. Ова дело содржи вредни документи и архивски извори, кои за првпат на овдешниот читател му ја доловуваат структурата на антисемитскиот систем. Царството Бугарија како слеп следбеник на политиката на Хитлер, го подигнал на ниво на законодавството целата правна легислатива за конечно и крајно фатално решавање на еврејското прашање", рече Асани.

Тој нагласи дека е многу важен фактот што оваа книга, покрај референтната вредност што ќе ја има за разни научници и истражувачи, нуди и друга димензија во смисла на разбивање на некои предрасуди и стереотипи покренати во дел од историографијата, како и поради автентичноста на настаните поврзани со анти-еврејската геноцидна политика на некои сојузници на фашистичка Германија.

„Како резултат, се добива впечаток дека навидум само германските нацисти биле главните виновници за суровото страдање на Евреите за време на Втората светска војна, но не и нивните лојални сојузници", нагласи директорот на Институтот за духовно наследство на Албанците д-р Скендер Асани.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе