НОВА КНИГА

Промоцијата на книгата „Шех Вардар“ од Ленче Милошевска ќе се одржи во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија на 22 септември (петок), во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата раскази „Шех Вардар“ од писателката Ленче Милошевска. За најновото прозно дело на Милошевска, што се појави во издание на „Антолог“ од Скопје, ќе зборува д-р Соња Стојменска Елзесер, а фрагменти од расказите ќе чита Александра Велинова.

Ленче Милошевска е автор и на прозните книги „Кумова слама“, „Три жени во три слики“, „Сатанска печурка“ и „Аксиос ги дели приказните“, како и на стихозбирките „Жедната земја моја“, „Кадилница на денот“, „Камени пораки“, „Одложена мисла“ и „Зборот е светлина“.

Како преведувач, Ленче Милошевска со своите преводи од англиски на македонски јазик на македонските читатели им доближи дваесетина значајни книжевни дела од светската литература. Член на ДПМ е од 1999 година.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе