Промоција на „Слова за Словото“ од г.г. Стефан

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, во организација на Брегалничката епархија и Домот на културата, денеска ќе се одржи промоција на книгите проповеди – „Слова за Словото“, во 5 тома од  архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.

Промотори на изданието ќе бидат епископот Хераклејски, г. Климент – секретар на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Книгите проповеди се отпечатени по повод јубилеите на г. г. Стефан: 20 години како поглавар на Македонска православна црква и 33 години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе