Промоција на „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска

В недела во 13 часот, во кафе-книжарницата Буква, ќе се одржи промоција на сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, а во издание на издавачката куќа Чудна шума.

„Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Румена Бужаровска и прв ко-авторски проект со уметницата Јана Јакимовска. Иако првенствено наменета за деца, оваа сликовница со „стихувани сказни“, како што ги нарекува Бужаровска, е подеднакво интересна и за возрасните, кои ќе се насмеат кога ќе ги препознаат ликовите и ситуациите со кои често се сретнуваат во секојдневието.

Во рамки на настанот е планирана и мала креативна работилница за деца со цртање и боење.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе