Промоција на „Сегде божева je хубавина“од Гоце Ристовски

Во НУ библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде промовирана книгата „Сегде божева je хубавина“ од македонски писател Гоце Ристовски, објавена со финансиска подршка на Министерството за култура во рамките на годинашнава програма за проекти од национален интерес. За делото ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов.

„Оваа несекојдневна есеистичка објава, во извесна смисла на зборот, е продолжение на претходната книга на авторот Ристовски „Дарежливост на бојжата рака“. Во поднасловот е определена со одредницата „есеи за Македонија“. Тргнувајќи од легенди и преданија за одредени локалитети, од докумантарни записи на патеписци кои низ времињата минувале низ овие наши краишта и оставеле пишани траги, од мисли искажани од истакнати светски уметници од разни области, философи и хроничари и црпејќи од актуелни настани и собитија, авторот Гоце Ристовски создава лирски записи, што може да се означат и како псевдо репортажи. Користејќи ја и својата имагинација, надградувајќи ги постојните приказни тој гради четиво кое колку е реално толку се чини и имагинарно, па дури и мистично – налик на делата од тн. магисики реализам. Оттука, делото се темели на авторовата фасцинација од природните убавини на нашата земја, културно историските паметници, богатата нарадна културна традиција но и современото, пред се литературно творештво“, се наведува во прилогот за новата книга на Гоце Ристовски.

Промоцијата на „Сегде божева je хубавина“ ќе биде реализрана според здравствените протоколи, со ограничен број на посетители.

Гоце Ристовски е прозен и драмски автор, литературен и театарски критичар, есеист, колумнист, аналитичар, литературен преведувач, универзитетски професор. Негови книги се продаваат на интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминетни светски библиотеки – библиотеката во Стејт Департментот во САД, Националната библиотека на Франција, Националната библиотека на Полска,, Националната библиотека на Австралија, библиотеката на Универзитетот во Стенфорд и др.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе