Синоќа во Ресен

Промоција на романот првенец на отец Пимен „Излегов”

Синоќа, 10 септември, во преполниот двор на Домот на културата Драги Тозија (Сарајот) во Ресен, се одржа промоција на романот првенец на отец Пимен „Излегов”.

Дејството на романот е во ‘90тите години на минатиот век. Романот е роден од сомнежот на еден млад човек во остварливоста на текстот на песната „Излегов да се прошетам” од Распеани ресенчани. Колку што е тоа расказ за една младешка љубов, толку повеќе е за љубовта на актерите со својот роден град Ресен.

Промотор на книгата беше г-дин Сотир Чаушевски, кој освен што се осврна на идејата како настанал романот, зборуваше и за хуманата нишка на авторот, кој приходот од продажбата на книгата го намени за хуманитарниот фонд за лекување на Дарко Цирески. Извадоци од книгата читаа Сара Марковска и Никола Источки.

Авторот заблагодарувајќи им се на градоначалникот Живко Гошаревски и Советот на општина Ресен што во програмата за одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на Ресен ја вметнаа оваа промоција, го поздрави и присуството на амбасадорката на Црна Гора во Македонија г-ѓа Марија Петровиќ, градоначалникот на општина Бар г. Душан Раичевиќ, пратеничката во Собранието на РМ г-ѓа Елизабета Наумовска Рабаџиевска, директорот на Домот на култура г. Васко Василевски и на многубројните гости.

Воедно спомена дека денес преку промоцијата на романот актуализираме една стара ресенска песна, но ја користиме и приликата да покажеме дека ресенскиот музички творечки дух не замрел и затоа ја промовираме и новата песна „Чат-пат” како авторско дело на рок-групата Плет.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе