Промоција на првата македонска антологија на слем - поезијата

Во Културниот информативен центар – Скопје вечер ќе биде промовирана првата и единствена Антологија на македонската слем поезија во уредништво на Елена Пренџова и во издание на „Театарска работилница – Прилеп".

Во антологијата се поместени слем-песни од десет слемер(к)и кои од самите почетоци на слемот во земјава најактивно и континуирано настапувале на слем-настаните во организација на „Театарска работилница – Прилеп" и Поетри слем Македонија, а при тоа достигнале уважени признанија и го промовирале македонскиот слем во странство Цветанка Колева, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јовановска, Исток Улчар, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Афродита Николова, Аница Блажевска и уредничката, велат од КИЦ-Скопје.

На промоцијата ќе настапат застапените слемер(к)и и замислена е како пријателски слем-натпревар во формат на натпреварите на националните избори што секоја година се одржуваат во Прилеп на 10, 11 или 12 октомври, датумот се поклопува со Денот на востанието.

Настанот е со влезници, а влезница ќе претставува секоја купена книга во издание на „Театарска работилница – Прилеп", вклучително и слем-антологијата и слем-зборниците од националните избори, а средствата собрани вечерта ќе одат за поддршка на слем-сцената во земјава.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе