Промоција на „Порој од пепел“ од Исток Улчар

„Порој од пепел" – четвртата стихозбирка на Исток Ј. Улчар вечер, во 20 часот, ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Стихови ќе читаат: Лазар Христов и Сергеј Димовски. Музичката подлога е на Александар Скрјабин/Немнтин – „Мистериум: Уводно дејство (Подготовка за конечната мистерија)“.

Како што е најавено, промоцијата ќе биде реализирана по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.

Исток Ј. Улчар е роден на 11 септември 1996 година во Скопје. Од 2014 досега се објавени четири негови книги поезија. Негови песни и расказ се застапени во неколку избори на дела од млади македонски и ексјугословенски автори.

Учествувал на повеќе поетски читања дома и на два поетски настани во Белград, Србија. Негови песни се преведени на српски, на унгарски и на англиски јазик.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе