Промоција на новите книги на Арлинда Зимери и Линдита Кадриу

Во Изложбениот салон-Империјал 1 вечерва ќе бидат промовирани книгите „Стварно не знам каков наслов" од Линдита Кадриу и „Мејлови" од Арлинда Зимери и Линдита Кадриу.

Книгата „Стварно не знам каков наслов“ е составена од раскази и есеи, поделени на поглавја за иконичните фигури на авторката за детството во Тетово, работата како новинарка и предавач на факултет, пријателите, соништата и Сонот за Него. Кадриу има објавено две книги и две коавторски.

Арлинда Зимери, родена во 1987 година, е државна правобранителка, психоаналитичарка и писателка и ова е нејзина прва објава.

„Во разбревтано време кога скоро сите брзаат некаде, две пријателки си пишуваат долги или пократки писма на разни теми: љубов, другарство, театар, поезија, стара чаршија и малите лични чинови, единствените кои нề менуваат нас и нашата средина, колку-толку“, соопштуваат организаторите за книгата „Мејлови“.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе