Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова

Во мултимедијалниот културен центар Матица ексклузив од Скопје утре во 12.00 часот ќе се одржи промоција на новите книги на академик Нада Поп Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови)“ и „Генијалност и/или лудило -големите композитори и нивните ментални болести“. За овие две ретки изданија ќе говорат академик Васко Ташковски и проф. д-р Јане Коџобашија.

Академик Нада Поп-Јорданова била редовен професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија.

Целиот работен век го поминала на Клиниката за детски болести, лекувајќи деца со разни педијатриски и психолошки проблеми.

Покрај со лекарска практика, се занимавала со едукација на студенти, постдипломци и докторанти. Последниве години, како член на  МАНУ, исклучиво се занимава со научни истражувања од областа на невронауката.

Досега објавила 20 книги на македонски јазик, неколку поглавја во странски книги на англиски јазик, како и многу статии во дневните весници.

Член е на неколку академии: Светската, Европската, Њујоршката академија за наука и уметност, а за редовен член на МАНУ избрана е во 2012 година.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе