Како дел од поетската манифестација „Денови“ во чест на Кочо Рацин

Промоција на наградената стихозбирка „Пад во немирна вода“ на Катерина Гогова

Како дел од поетската манифестација „Денови“ која традицинално се одржува во чест на поетот Кочо Рацин, во домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје на 21.12. петок со почеток од 19 часот ќе се одржи промоција на првонаградената поетска збирка „Пад во немирна вода“. 

Признанието „Бели мугри“, ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ го доделува по десетти пат. Овој пат за необјавена поетска збирка на авторката Катерина Гогова.

Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Средно медицинско училиште завршила во „Д-р Панче Караѓозов“. Студира на Медицинскиот факултет. Гогова е добитничка на поетски награди меѓу кои втора награда на интернационалниот поетски фестивал „Литературни искри“ 2015 година и прва награда на литературниот конкурс „Бдеење на Кокински мугри 2016“. Има учествувано на повеќе поетски читања и е застапена во електронските изданија на глобалната манифестација „100 Илјади поети за промена“ за 2015 и 2016 година, како и во антологиската збирка „Метрички карван“ за 2017 и 2018 година. Нејзина поезија и кратка проза е објавена во Современост - списание за литература, култура и уметност за 2018 година (број 1 и 3) и во 41-то издание на зборникот „Рукописи“-Панчево. Нејзина поезија е објавена и во зборникот „Креативни точки“ за 2018 година. Нејзината дебитантска поетска збирка издадена 2018 година носи наслов „Актите се кастрирани“. Живее во Скопје. Активист е за човекови, здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници. 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе