Промоција на „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“

„Македонска илустрирана енциклопедија за деца" во издание на „ЕДУКА МАК" денеска ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар во Скопје. Автори на делото се Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова, а илустрациите се на Игор Јовчевски.

Енциклопедијата има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата за себе и за својата татковина, да влијае врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет.  Првенствено е наменета за деца од пет до 10-годишна возраст, но има можност да ја користат сите деца.

Обработени се 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.

Промотори на енциклопедијата се Христо Петрески и Ели Маказлиева.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе