Промоција на книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик“ од Зеќир Рамчиловиќ

Во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето" ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик" од авторот Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ од Институтот за национална историја и актуелен пратеник во Собранието на Македонија.

Промоцијата ќе се одржи денеска во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип со почеток во 20.00 часот.

Промотор е академикот проф. д-р Драги Ѓоргиев, а модератор на трибината е османистот и турколог Драган Читкушев.

Книгата е во издание на здружението Диван од Скопје.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе