Промоција на книгата „Секоја работа надвор од уметноста е губење време" на уметникот Доротеј Нешовски

КСП Центар – Јадро, вечер во 20 часот, ќе ја промовира книгата „Секоја работа надвор од уметноста е губење време" на уметникот Доротеј Нешовски.

Од 11 до 21 часот публиката ќе може и да ја види и неговата просторна инсталација, специјално направена за оваа прилика.

Цртежите претставени во новата уметничка книга на Нешовски, во издание на КСП Центар-Јадро, се осврнуаат на прашањата и мислите со кои уметникот се соочува во општеството а кое е поставено на начелата со дадени егзистенции на мисла и состојба.

Поголемиот дел од циклусот на цртежи претставени во книгата, Нешоски го создавал додека работел на штанд на Лотарија во еден скопски шопинг мол.

Како подлога за своите секојдневни записи, мисли и брзи крокија, тој користи хартии од искористени игри на среќа како и други флаери и пропагандни материјали пласирани од разните корпорации.

Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ" со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате", издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. Од 2015 Активно организира и конципира детски работилници во Детски Креативен Центар при МКЦ.

Издавањето на книгата е реализирано со финаниска поддршка на Министерство за култура.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе