Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

Во Културно-информативниот центар – Скопје в петок ќе се одржи промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски. Книгата ќе ја претстави Јулијана Величковска, делови од книгата ќе читаат Тихомир Јанчовски и Горазд Китановски.

„Приказни за деца и животни“ е прва книга за деца на Јанчовски. Се работи за баснарка-боенка. Содржи 14 басни со илустрации во кои ликовите главно се урбани животинки што се наоѓаат пред разни искушенија и дилеми кои ги решаваат на детски наивен и љубовен начин. Во книгата ќе ги најдете бувот Џуши, крокодилот Кроко, Дино Сајрус, јазовецот Бранко, мрзливецот Ано, две деца што станале китови, кучето Флопи и други протагонисти.

Тихомир Јанчовски е познат македонски поет, професор, преведувач. Автор е на 14 книги поезија, два романи и една книга колумни. Преведуван е на 15 јазици: англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, словенечки, руски, украински, персиски и италијански јазик.

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе